Христо Стоичков ја посети македонската делегација пред денешниот натпревар во Варна (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Денеска од 17:00 часот во Варна ќе се одигра хуманитарниот натпревар помеѓу легендите на Бугарија и Македонија, а сите средства ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Пред натпреварот денеска македонската делегација ја посети Христо Стоичков кој исто така ќе биде на теренот.

Македонија во натпреварот од клупата ќе ја предводи Ѓоко Хаџиевски, а во составот се:голманите Данчо Целески и Зоран Мицевски, потоа Илија Најдоски, Благоја Милевски, Игор Митревски, Љупчо Марковски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Горан Георгиевски, Горан Пандев, Марјан Стојковски, Тони Мицевски, Неџмедин Мемеди, Ванчо Трајанов, Дарко Тасевски и Драган Канатларовски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски, Агим Ибраими, Артим Шаќири, Арџент Бекири и Ванчо Мицевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани