705
Дани Алвеш долги години беше учесник на „Ел класико“ долу на теренот, но синоќа имал една поинаква авантура.
Бразилецот бил сведок на случувањата од трибините на „Сантијаго Бернабеу“, но наместо со навивачите на Барса, чиј дрес го носеше долги години, решил да се измеша со навивачите на Реал Мадрид.
„Треба да имате голем карактер за да искусите работи кои никогаш не сте ги искусиле. Денеска го доживеав „Ел класико“ на еден поинаков начин, со поинакви чувства . Опкружувањето беше лошо, но издржав машки“ – напиша Дани Алвеш на социјалните мрежи.