Хорор сцени во Ливерпул – автомобил влета меѓу навивачи и почна да ги гази (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тешки моменти ја обележаа прославата на шампионската титула во Ливерпул, откако едно возило со голема брзина влета меѓу насобраните навивачи и предизвика вистински хаос на улиците.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, се гледа како автомобилот влегува директно во група луѓе кои слават, при што најпрво удира две лица, а потоа продолжува да се движи и удира уште неколку присутни.

Полицијата веднаш реагираше и информираше дека возачот е уапсен, но во моментот сè уште нема официјални информации за бројот на повредени. Се чекаат детали од истрагата и состојбата на настраданите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани