Хорор сцени на Копакабана: Полицијата со гумени куршуми и шок бомби ги растеруваше навивачите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во сабота се игра финалето во јужноамериканската Лига на шампиони, во Рио ќе се сретнат Флуминенсе и Бока јуниорс. Се говори дека се очекуваат повеќе од 100.000 Аргентинци да пристигнат во Бразил, ривалството е огромно, па полицијата има полни раце работа.

На социјалните мрежи се појавија хорор сцени од Копакабана, каде навивачите на Флуминенсе од заседа ги нападнале фановите на Бока јуниорс.

Полицијата користела гумени куршуми, шок бомби и солзавец за да ги растера завојуваните навивачи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани