„Холандскиот Педри“ флертува со Барса: Одам на одмор во Барселона, ама слободен сум и за преговори!

by bojan
1 минути читање

20 годишниот Кес Смит отворено флертува со „каталонците“, па иако ќе биде во Барселона да ја прослави куп титулата со АЗ Алкмар, ќе најде време да седне и на преговори.

Кес Смит се најавува како следната ѕвезда, фудбалерот на АЗ Алкмар е на радарот на многу клубови ширум Европа и летоска може да ја промени средината.

Роналд Куман го спореди со Педри, а самиот играч во неколку наврати има истакнато дека има симпатии кон Барселона, и сака да заигра во Ла Лига.

Тој сега реши отворено да флертува со „каталонците“, па иако ќе биде во Барселона да ја прослави куп титулата со АЗ Алкмар, порача дека ќе најде време да седне и на преговори.

„Ќе одиме со АЗ во Барселона, па ако сакаат да преговараме, ќе најдам време“ – вели Кис Смит.

„Ако побараат да седнеме на преговори, без проблеми ќе седнам на маса“.

Проблем за една ваква зделка може да биде цената, одличните партии на момчето, како и интересот на клубови од калибарот на Манчестер јунајтед, Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, ја поместија сумата на 50-60 милиони евра, и Барса во моментов тешко може да си го дозволи ова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×