Холандски репрезентативец е осуден на шест години затвор поради шверц на кокаин!

by
1 минути читање

Тој не се појавил на судењето во Амстердам, а судот ја донел оваа пресуда поради различни отежнувачки околности, меѓу кои најтешка е обидот да прошверцува 1,35 тони кокаин преку пристаништето во Антверпен во 2020 година. 

Првично му се закануваа девет години затвор, како што бараше обвинителството, пред Судот да одлучи да го осуди на шест, а неодамна беше осуден и на 18 месеци затвор за тежок напад, кога на семејна веселба избодел роднина во ногата.

Медиумите во Холандија пишуваат дека Промес се обидува да добие руски пасош за да се спаси, бидејќи оваа земја нема договор за екстрадиција со Русија поради што фудбалер е безбеден таму. 

Промес во кариерата има играно за Твенте, Спартак, Севиља, Ајакс, а потоа повторно замина во московскиот клуб. За холандската репрезентација одигра 50 натпревари.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×