Холандска легенда е „засилување“ за стручниот тим на Слот во Ливерпул

by 24 фудбал
1 минути читање

Џовани ван Бронхорст e нов асистент во Ливерпул, a Арне Слот го оформува стручниот штаб за новата сезона.

Ливерпул потврди дека поранешниот менаџер на Глазгов Ренџерс, Џовани ван Бронхорст, ќе биде дел од стручниот штаб на Арне Слот. Холанѓанецот ќе работи како помошен тренер, во тимот што ја освои Премиер лигата во првата сезона со Слот на клупата.

Ван Бронхорст има респектабилно искуство како играч и тренер. Во кариерата носеше дресови на Арсенал и Барселона, а како предводник на Феенорд стигна до шампионски трофеи во Холандија. Со Ренџерс ја освои титулата во Шкотска, а последен ангажман имаше во турскиот Бешикташ.

Покрај него, на „Енфилд“ се враќа и Чави Валеро кој повторно ќе ја преземе функцијата тренер на голмани. Тој ќе ги замени Фабијан Оте и Клаудио Тафарел, кои си заминуваат од клубот.

Промените во стручниот штаб се дел од визијата на Слот за изградба на конкурентен и модерен тим пред стартот на новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×