Хојлунд во прав момент го постигна првенецот во Премиерлига, Јунајтед со голем пресврт ја совлада Вила (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првите 45 минути
на „Олд Трафорд“ навестуваа ново разочарување за „ѓаволите“, Астон Вила имаше
предност од 0-2 со головите на Мекгин и Дендонкер.

Но избраниците на
Ерик тен Хаг направија голем пресврт во второто полувреме и славеа важна
победа.

Гарначо намали на
1-2 по еден час игра, истиот играч по втор пат ја затресе мрежата на Мартинез
за 2-2 во 71. минута и најави возбудлив финиш.

Во 82. минута
конечно проработе Расмус Хојлунд, напаѓачот го постигна првенецот во
Премиеригата и донесе триумф на Манчестер јунајтед од 3-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×