Хименез: Ајде да сонуваме за нешто големо

by
1 минути читање

Шефилд Јунајтед
за момент го загуби приматот изненадување на сезоната во Премиерлигата, таа
заслуга сосема заслужено оди на сметка на Вулверхемптон, кој продолжи онаму
каде што застана на паузата поради пандемијата од коронавирусот.

Стабилната екипа
предводена од Нуно Еспирито Санто не само што се бори за излез во Европа, туку
имаат и можност за изборување на место во Лигата на шампионите идната сезона, а
дека атмосферата во Вулверхемптон е ветувачка, говори и изјавата на одличниот
напаѓач Раул Хименез кој има сезона за паметење.

Ние треба да
сонуваме за нешто големо, како и да продолжиме во ваков стил и во понатаму

вели Мексиканецот кој досега запиша фантастичен учинок од 15 погодоци, упатувајќи јасна порака до своите соиграчи.

Чувството е
неверојатно, тоа чувство ни го носи напорната работа изминативе седмици пред да
продолжи сезоната, одлично функционираме на теренот, а мислам дека доколку
продолжиме во ваков стил, тогаш ќе постигнеме нешто големо
“ додава тој.

Вулверхемптон
направи одлична зделка со тоа што ја активираше опцијата за целосно да го
откупи договорот на 29 годишниот Хименез за 38 милиони евра ланското лето, за
тој сезонава да возврати со 15 погодои и 6 асистенции на 31 настап за клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×