Хет-трик на Халанд, Сити ја наполни мрежата на Нотингем, Арсенал реди победи, триумф и над Астон Вила (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Халанд експресно се вклопи во составот на Манчестер Сити и станува голем проблем за противниците. Неговата сила вечерва ја почувствува Нотингем форест.

Халанд го отвори резултатот во 12. минута, а потоа погоди и во 23. и 38. минута за водство на Манчестер Сити со 3-0 по првото полувреме.

Во вториот дел два гола даде Алварез, еднаш погоди Кансело за конечна победа од 6-0.

Арсенал има пет од пет, овојпат топчиите ја совладаа Астон Вила со 2-1.

Резултатот го отвори Габриел Жесус во 30. минута, една одбиена топка дојде до напаѓачот на Арсенал кој погоди за 1-0.

Во 74. минута, само една минута откако влезе во игра, Даглас Луиз постигна гол директно од корнер за израмнување на 1-1.

Но само три минути подоцна Мартинели даде гол за ново водство на Арсенал кое овојпат значеше и победа од 2-1.

На мечот меѓу Борнмут и Вулвс немаше голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×