Херојот на Наполи Мерет: Буфон се уште е мојот идол!

by
1 минути читање

Поради суспензијата на Оспина, Алекс Мерет застана меѓу стативите на голот на Наполи и на крајот испадна херој на финалето.

Тој го одбрани пеналот на Дибала, Данило шутираше над голот, а неговите соиграчи од Наполи беа перфектни од белата точка за триумф на пенали од 4-2. Ова е првиот трофеј во кариерата а Мерет.

Буфон беше одличен во текот на мечот, одбрани неколку добри шанси, а една од нив беше и онаа на Елмас во 93. минута.

„Многу е возбудливо, мислам дека одигравме одличен куп. Дадовме се од себе од првата до последната минута, и навистина сум горд што сум дел од овој тим. Тренерот и претседателот рекоа дека и тие се горди со нас“, вели Мерет.

„Џиџи се уште е број еден, тој и вечерва со три четири големи одбрани го докажа тоа. За мене беше чест да играм против некој кој бил и се уште е мој идол, па ова го прави овој трофеј уште попосебен за мене“.

„Задоволен сум од моите пеформанси. Дома го носиме купот, што беше една од нашите цели, сега на крилјата на овој успех ќе се обидеме да се искачиме што повисоко на табелата во Серија А“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×