Интер одигра херојски натпревар и во нов спектакл ја доби Барселона со 4-3 по продолженија за пласман во финалето на Лигата на шампионите.
„Нераѕурите“ поведоа со 2-0, а потоа дозволија ривалот да направи пресврт и да стигне до 2-3. Сепак, со головите на Франческо Ачерби и Давиде Фратези тие стигнаа до конечна победа.
Играч на натпреварот беше голманот Јан Зомер кој имаше неколку навистина луди интервенции. Искусниот Швајцарец по крајот на средбата не го криеше своето задоволство.
„Многу сум среќен, одигравме неверојатен натпревар. Ќе ја паметам одбраната на Ламин Јамал, тој е голем играч и имав среќа бидејќи одбранив. Многу тимови ќе се откажеа во моментов кога примивме трет гол. Ние не паднавме, успеавме да се вратиме. Навистина луд натпревар, горд сум на тимот. Многу ни значи ова финале, немате премногу шанси да играте на тоа ниво“, изјави Зомер.
Фото/Photo: UEFA