Херој на Ливерпул и големо промашување на Милан, Дивок Ориги оди во пензија со само 31 година

by bojan
1 минути читање

Дивок Ориги попладнево соопшти дека става крај на кариерата, напаѓачот во последните две години беше актуелен само поради тоа што секој месец добиваше плата од 300.000 евра а не играше.

Дивок Ориги беше еден од хероите на Ливерпул во сезоната 2018/19, со два гола во полуфиналето во Лигата на шампиони помогна во епскиот пресврт против Барселона, а потоа постигна и победоносен погодок во финалето против Тотнем.

Но во Милан неговата приказна беше сосема поинаква, напаѓачот се покажа како големо промашување, а во последните две години беше актуелен само поради тоа што секој месец добиваше плата од 300.000 евра, а не играше.

Во декември месец тој конечно го раскина договорот со „росонерите“, но наместо нова авантура, тој сега соопшти крај на кариерата со само 31 година.

„Мојата цел во фудбалот е исполнета“ – почнува пораката на Дивок Ориги.

„Ги остварив соништата кои ги имав како дете. Настапував на најголемите фудбалски сцени и ги освоив највредните трофеи. Му благодарам на Бог за сето тоа“.

„До навивачите, клубовите во кои играв, моите соиграчи и семејството – ова патување засекогаш ќе ни припаѓа на сите нас. Ви благодарам за поддршката и љубовта“.

„Чувствувам дека мојата мисија во фудбалот е исполнета. Сега е време за ново поглавје и нови предизвици“.

„Приказната продолжува, со љубов, Дивок Ориги“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×