Хенес: Ако се оствари тоа што ми го покажаа, Баерн ќе има страшен тим и тоа со Левандовски во него

by
1 минути читање

Баерн Минхен веќе
потврди две засилувања, од Ајакс пристигнаа Мазрауи и Гравенберх, а наскоро се
очекува да биде соопштен и трансферот на Садио Мане.

„Интензивно се
работи на новиот тим. Доколку се оствари она што ми беше презентирано минатата
недела, ќе имаме страшен тим и тоа со Левандовски во него“
– вели поранешниот
претседател Ули Хенес.

Полјакот во
неколку наврати јавно изјави дека е завршена неговата авантура во Минхен и
побара да биде продаден, Барселона е неговиот избор за следна дестинација.
„Баварците“ пак неколку пати порачаа дека напаѓачот има уште една година од
договорот и ќе остане.

„Работите не се
одвиваат онака како што сакаат тој и неговиот агент, па затоа се малку
нервозни. Ги советувам сите инволвирани да бидат малку објективни и да не
дозволат ситуацијата да ескалира“.

„Сонцето одново
ќе ги огрее Левандовски и Баерн“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани