Многумина се
сомневаа во Џордан Хендерсон кога некои во него гледаа новиот Џерард, барем
така беше и споредуван на моменти, тој често беше на мета на критики, имаше и
проблеми со повредите, но со текот на годините стана предводник на „Редсите“.
Капитентската
лента Хендерсон ја зачини и со прва шампионска титула во Премиерлигата за
Ливерпул по пауза од цели 30 години, но, и покрај тоа, тој е скромен во
изјавите, наведувајќи дека никој не може да го замени легендарниот Стивен
Џерард.
„И претходно кога
ја за прв пат ја имав на себе капитентската лента, кога некои луѓе можеби се
сомневаа во мене, а воедно ме критикуваа како особа, дека никој не може да го
замени Стивен Џерард во овој клуб, без разлика кој е капитен, или што ќе освои
тимот“ издвои капитенот на Ливерпул.
„Не ми паѓаше на
памет дека би го заменил, дури и во моментите кога ја презедов капитентската
улога, во умот имав една цел – да го дадам најдоброто од себе за клубот,
секогаш ја имав таа цел во себе“ додаде Хендерсон.