Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја доби престижната награда која ја доделува Асоцијацијата на фудбалските новинари од Англија за најдобар играч на сезоната.
Големо влијание за ова остварување има трофејот на Ливерпул.
Тој во гласањето заврши пред Кевин Де Брујне од Манчестер Сити и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, потоа следуваа неговите соиграчи Вирџил ван Дајк и Садио Мане.
„Кога ќе погледнете кои играчи во минатото ја освојувале оваа награда и со кои од нив во Ливерпул имав чест да играм, како Џерард, Суарез, Салах… тогаш сфаќате колку престижна е оваа награда“, вели Хендерсон.
„Не не можам да кажам дека сам сум заслужен за оваа награда. Не чувствувам дека било што што освоив оваа сезона или во мојата кариера го направив сам. Им должам многу на многу различни луѓе, но на никој повеќе од на моите соиграчи кои беа неверојатни и заслужија исто толку колку што и јас“.