Хаверц за изведувањето на пеналите: Бев малку нервозен, но го чекав да видам на која страна ќе тргне

by
1 минути читање

Уште пред почетокот на мечот беше кажано дека Хаверц ќе биде прв изведувач на пенал за Челси. Судијата свирна најстрога казна, па Германецот ја зема топката да изведе. Во првиот обид ја погоди стативата, но пеналот беше преновен, од вториот пат даде гол и му донесе водство на својот тим до 2-0.

„Бев малку нервозен но погодив, тоа е најважно. Се обидов да чекам, да видам на која страна ќе оди голманот и видов дека оди на истата страна на која што шутнав претходно. Вториот шут беше малку полесен“, рече Хаверц.

Стерлинг вели дека Хаверц бил одличен изведувач на пеналите на тренинзите и сите биле уверени дека ќе погоди.

„На тренинзите сум видел многу пенали на Каи, и бев многу уверен. И тој беше уверен и сите знаевме дека ќе ја погоди мрежата“, изјави Стерлинг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×