Хаверц веќе ги поминал медицинските прегледи, останува само уште потврдата од Челси

by
1 минути читање

На повидок е нов
голем трансфер на „Стемфорд бриџ“ откако наводно германската фудбалска
сензација Каи Хаверц наводно уште во неделата ги поминал лекарските прегледи, а
сега се чека само на официјална потврда од Челси.

Тимот предводен
од Франк Лампард од поодамна се поврзува со фудбалерот на Баер Леверкузен, а
веќе овој трансфер е во финална завршница, барем така известува „Билд“.

Од таму велат
дека сите формалности околу трансферот на 23 годишниот фудбалер во Челси се
веќе договорени, а дури реализирани се и медицинските тестови, очекувањата се
Челси да го потврди овој трансфер во деновите кои претстојат.

Хаверц ќе му се
приклучи на Тимо Вернер кој потпиша за Челси по трансферот од Лајпциг, а исто
како и во случајот со преговорите со напаѓачот, така и
во преговорите со Хаверц мошне активен беше „агентот“ Рудигер.

Се верува дека
Челси на Баер Леверкузен ќе му исплати околу 90 милиони фунти за услугите на
Хаверц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×