359
Леверкузен за трансферот на Хаверц ќе добие 80 милиони евра плус 20 во бонуси, тврди „Скај Спортс Германија“.
Тој денеска го напуштил кампот на германската репрезентација и отпатувал во Лондон каде што треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.
Баер Леверкузен со соопштение информираше дека Хаверц со нивно одобрение и одобрение на германската репрезентација заминал во Челси да го комплетира трансферот по што веднаш ќе се врати во селекцијата.
Хаверц ќе биде рекордно засилување на Челси, претходно рекордот го држеше Кепа Аризабалага за кого англискиот клуб плати 80 милиони евра.