Тонали во Њукасл пристигна како големо засилување од Милан, но по само неколку кола ќе треба да почне да ја издржува долгата суспензија која ќе ја добие од Италијанската фудбалска федерација за обложување на фудбалски натпревари.
И покрај состојбата на Тонали, Хау рече дека тој е во комбинација за мечот против Кристал Палас во престојното коло, само дополнително ќе биде одлучено дали ќе почне како стартер или од клупата.
„Тој е комплетно со нас. Мислам дека неделава тренираше двапати. Во комбинација е за мечот со Кристал Палас“, вели Хау.
„Како и за останатите фудбалери, така и за него, ги анализирам перформансите на тренинг, Сандро тренираше добро“.
„Имаше неколку тешки недели. Го гледам по неколку часа на ден, но од тоа што можам да го видам се справува многу добро“.
„Ќе треба да донесам одлука дали ќе биде стартер или ќе почне од клупата. Ќе донесам одлука која мислам дека ќе биде најдобра за тимот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.