Харт потпишува за Тотнем

by
1 минути читање

„Тајмс“ известува
дека Тотнем ќе се засили со Џо Харт,
33 годишниот голман, поранешен прв чувар на мрежата од голот на селекцијата на
Англија кој две сезони ги мина во редовите на Барнли.

Харт за Барнли
запиша 19 настапи, немаше можност за повеќе од тоа покрај неверојатниот Ник
Поуп кој сериозно тропа на портата од селекцијата на „Гордиот Албион“,
веројатно така ќе биде и во Тотнем каде незаменлив е Хуго Лорис, а веднаш по
него е Пауло Гаѕанига кој на одличен начин го замени Лорис изминатата сезона во
периодот кога овој беше повреден.

Како и да е,
планот на Жозе Мурињо е да се ангажира резервна опција на голманската позиција,
а веројатно Харт е одлично решение за тоа најмногу од причина што тој во
моментов е слободен играч на трансфер пазарот.

„Тајмс“ наведува
дека Харт ќе потпише двегодишен договор со опција и за дополнителни 12 месеци,
а наводно медицинските прегледи се предвидени за денеска, претходно, во
редовите на Барнли, Харт имаше неделна заработка од 50,000 фунти, се верува
дека „Спарси“ му понудиле неделна плата во висина од 35,000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×