Хари Кејн е во Минхен да го комплетира трансферот во Баерн (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Трансфер сагата на Хари Кејн ова лето се ближи кон крајот, англискиот напаѓач конечно ќе го напушти Тотнем и ќе потпише за Баерн Минхен.

Откако двата клуба си подадоа рака се чинеше дека зделката е готова. Но следеше пауза од неколку часа додека Кејн се мислеше дали да замине за Баерн или сепак да остане во Тотнем.

Откако одлучи да оди да потпише за Баерн Минхен и тргна кон аеродромот да полета, Тотнем го врати со изговор дека сака уште некоја ситна промена во договорот.

По неколку часа пауза доби зелено светло од Тотнем и лесна за Минхен. Сега е во Германија, ако нема уште некоја пречка, вечерва или утре треба да биде промовиран во ново засилување на баварците.

@2024 – Сите права задржани