Јунајтед бара врвен напаѓач и изборот на Тен Хаг паднал меѓу Кејн и Виктор Осимен од Наполи, но холандскиот стратег според последните информации од Островот се решил да ја купи ѕвездата на Тотнем и наводно според пишувањата на „Дејли Мејл“, ќе биде урнат премиерлигашкиот трансфер-рекорд.
Тотнем веќе објави дека нема намера да го пушти Кејн за помалку од 100 милиони фунти, а Тен Хаг на „Олд Трафорд“ им порачал дека и малку над таа сума би било прифатливо за да се донесе напаѓачот, па ако се реализира трансферот тоа ќе биде нов рекорд и ќе се надминат чистите сто милиони фунти што Челси ѝ ги плати на Бенфика зимава за Енцо Фернандез.
Кејн на лето ќе влезе во последната година од договорот, а пред една ипол година беше на чекор да замине во Манчестер сити, но за малку „граѓаните“ не се договорија со Даниел Леви, првиот човек на лондонскиот премиерлигаш. Напаѓачот нема освоено ни еден трофеј, па предизвикот да игра во поголем клуб и да се бори за најзначајните пехар сигурно ќе го натераат да притисне за таков трансфер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.