Хаос во Србија: Невидена тепачка на младински натпревар! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Сцени од спортски терен какви ретко се гледаат доаѓаат од Србија, каде што мечот помеѓу Спартак Трнава (Чачак) и Слобода (Ужице) во рамките на Втората омладинска Западно-Моравска лига заврши со жестока масовна пресметка.

Како што јавува TV 5 Užice, целиот натпревар бил исклучително напнат – се играше за титулата и директен пласман во повисок ранг. Слобода триумфираше со 2-1, а со тоа и го обезбеди првото место. Но, вистинската драма започна по последниот свиреж на судијата во 93. минута.

Еден од играчите на Слобода во екстазата од победата влезе прво во вербална, а потоа и физичка пресметка со противнички фудбалер. За кратко, на теренот настана хаос – влегоа и останатите играчи, дел од стручниот штаб, па дури и навивачи, кои го нападнаа судијата.

Снимките кои ги објави TV 5 Užice покажуваат сцени на тотален неред, тепачки и турканици, а ситуацијата се опишува како „незапаметена тепачка“ на младински меч. Се очекува Фудбалскиот сојуз на Србија да реагира со ригорозни казни за инволвираните страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани