Хаос на мечот помеѓу Турција и Хрватска, Вида бил позитивен на коронавирус а играл 45 минути

by
1 минути читање

Клубовите беа против паузата за репрезентативни настапи, не им се допадна и тоа што одредени селекции ќе играат пријателски натпревари покрај оние од баражот за Европско првенство и дуелите од Лигата на нации.

Дека стравот е оправда покажа пресметката помеѓу Турција и Хрватска, дефанзивецот Домагој Вида бил позитивен на коронавирус а играл 45 минути.

Како што пренесуваат од Фудбалската федерација на Хрватска, на првите тестови сите биле негативни, но во средата наутро биле направени нови тестови. Резултатите пристигнале нешто по полноќ и покажале дека Домагој Вида е заразен со ковид-19.

Од ФФХ појаснуваат дека на полувремето пристигнала информација дека тестот на Домагој Вида може да биде позитивен, па дефанзивецот веднаш бил изваден од игра и испратен во изолација.

Сега останува да се види дали други фудбалери од репрезентацијата на Турција и Хрватска ќе бидат позитивни со оглед на блискиот контакт со Домагој Вида.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани