Хаос на дербито меѓу САД и Мексико, четири црвени и девет жолти картони! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот се играше во Лас Вегас, судијата Бартон од Ел Салвадор го имаше еден од потешките дуели во кариерата. Имаше груби стартови, тепачки, прекини поради дискриминаторски скандирања… исклучи четворица, а дури девет играчи добија жолти картони.

САД победи со два гола на Пулишиќ во 37. и 46. минута и еден на Пепи на десет минути пред крајот. 

Сето тоа беше во сенка на хаосот кој се случуваше во текот на второто полувреме. Првиот инцидент се случи кога Монтес намерно го удри Балогун. Беа поделени по неколку удари од двата табори, а црвени картони добија Монтер од Мексико и Вестон Мекени од САД.

Следуваше нова мешаница кога Дест беше фаулиран па тргна да се тепа. Тој доби црвен картон како и Артеага од Мексико.

„Шлаг“ на инцидентите додаваа мексиканските фанови кои правеа хаос на трибините, фрлаа чаши и тврди предмети, а поради нивни хомофобични скандирања во еден момент мечот беше и прекинат.

САД во финалето ќе игра против Канада, а на тој дуел ќе биде без Мекени и Дест поради нивните црвени картони.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани