310
Екипите на Блуминг и Боливар во Боливија одиграа натпревар каков што ретко се гледа кој на крајот заврши со победа на Боливер од 2-1.
Но, не е резултатот причината поради која овој дуел го привлече вниманието. Имено, судијатаа на теренот покажа дури седум црвени картони.
Првата бура започна во 39-та минута кога две исклучувања заработија гостите, а едно домаќините. Само шест минути подоцна видовме и уште по еден црвен картон на двете страни.
Шестото исклучување дојде во 54.минута, а по еден час игра Блуминг остана со само седум фудбалери, што е најмалку што може според правилата на ФИФА.
Боливар до победата дојде со голот во 92. минута.