Ханси Флик размислува да игра со 11 од Ла Масиа, еве како може да изгледа Барселона

by bojan
1 минути читање
Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик откри дека размислува да игра со 11 фудбалери од школата, медиумите веднаш почнаа да шпекулираат како може да изгледа тимот на „каталонците“ во последните две кола.

Чави им даде шанса на многу млади играчи да покажат што умеат во првиот тим, а тој тренд продолжи и со Ханси Флик на кормилото.

Па откако Барселона на две кола пред крајот ја обезбеди титулата во Ла Лига и ја комплетираше домашната тројна круна, новинарите го запрашаа Германецот дали размислува да игра со 11 од Ла Масиа.

„Дискутиравме интерно на оваа тема, и постои можност, но не сме донеле конечна одлука“ – вели Ханси Флик.

Медиумите веќе почнаа да шпекулираат како би изгледал еден ваков состав:

Ињаки Пења на голот, Ектор Форт, Ерик Гарсија, Кубарси и Балде во одбраната, Касадо и Гави во средниот ред и Ламин Јамал, Олмо, Фермин и Ансу Фати во офанзивата.

Доколку Ханси Флик се одлучи да игра со 11 од Ла Масиа, тоа нема да биде прва ваква ситуација, Тито Виланова во сезоната 2012/13 на теренот имаше 11 играчи кои поминаа низ школата на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани