Словачкиот фудбалер, Марек Хамшик 12 години беше член на Наполи, од 2007 до 2019 година, тој е икона на овој клуб.
Хамшик е рекорден по бројот на настапи во Словачка, има 138 средби за селекцијата. Денеска е тим менаџер и помошник на селекторот Франческо Калцоне, но има и занимација надвор од фудбалот.
Тој со сопругата Мартина и три деца си има мала зоолошка градина дома. Има три кучиња, мачка, шест заморчиња и два твора, а се занимава и со живина.
Направил луксузен кокошарник за кој вели дека е хотел за кокошки.
„Изгледа навистина луксузно, а поради автоматските врати не мораме да стануваме рано наутро и да проверуваме како се. Денеска имам околу 29 кокошки, а тие несат околу 20 јајца дневно. Размислувам да отворам и продавница“, вели Хамшик.