Во 2021 година, Хамес Родригез реши да ги прифати арапските милиони и се пресели во Ал Рајан. Но во Катар издржа само една година, го раскина богатиот договор и се врати во Европа.
„Животот и културата во Катар се многу тешки, навистина ми беше тешко прилагодувањето на новата средина. Знете дека во фудбалот сите се голи кога се тушираат, но соиграчите ми рекоа „Не можеш така“. Морам да признам дека се исплашив малку“ – раскажува Колумбиецот, кој сега го носи дресот на Сао Пауло.
„Таму, сите јадат со раце, мене тоа ми беше тешко. Тргнаа да делат храна со мене а јас им реков, „Не фала“. Им побарав прибор за јадење, а тие одговорија, „Не, јади со рака“. Им порачав, „Вие сте луди, нема шанси да јадам со раце““.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.