Хамес Родригез
блесна на мундијалот во Бразил и одличните партии на СП 2014 му ја отворија
вратата за богат трансфер.
Колумбиецот на крајот
се реши за авантура во Реал Мадрид, и покрај тоа што имаше неколку примамливи
понуди. Фудбалерот сега открива дека можел да заработува повеќе во Манчестер
Сити или ПСЖ, но поради една причина го одбрал белиот дрес.
„ПСЖ и Манчестер
Сити исто така сакаа да ме ангажираат. Доставија подобри понуди од онаа на Реал
Мадрид, но мене ме интересираше славата, не постои ништо во фудбалот како Реал
Мадрид“ – вели Хамес Родригез.
„Флорентино Перез
ми се јави и за кратко ме убеди. Ме праша, „Што сакаш? Сакаш пари, или сакаш
слава?“ Му одговорив дека сакам слава, па ми рече, „Чим е така, работата е
завршена““.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.