Халанд влезе и со гол во 95. минута донесе драматична победа за Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фулам беше многу
блиску да му откине два бода на Манчестер Сити, но избраниците на Пеп Гвардиола
и со играч помалку стигнаа до победа во драматична завршница.

„Граѓаните“ добро
го започнаа натпреварот и поведоа со голот на Алварес, но десет минути подоцна
Кансело направи пенал и заработи црвен картон а Переира од белата точка
изедначи на 1-1.

Гостите потоа
одолеваа до самиот финиш но капитулираа длабоко во судиското надополнување,
Халанд од пенал во 95. минута донесе 2-1 и привремено го искачи Манчестер Сити
на првото место на табелата во Премиерлигата.

На останатите
натпревари од 16 часот, Лидс со пресврт стигна до победа од 4-3 против Борнмут,
Брајтон со 2-3 славеше кај Вулверхемптон а Нотингем Форест и Брентфорд одиграа
2-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×