82
Манчестер Сити ја
почна одбраната на титулата во Премиерлигата со триумф од 0-2 на гостувањето
кај Вест Хем.
Играч на
натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој постигна два гола. Напаѓачот во 36. минута прецизно
биеше од белата точка за 0-1, откако претходно самиот го изнуди пеналот.
На средината од
второто полувреме, Норвежанецот доби топка во фор од Де Брајне и прецизно биеше
по земја за 0-2.
По кошмарниот меч
против Ливерпул, Ерлинг Халанд сега блесна на првиот натпревар во Премиерлигата и
стана првиот играч на Манчестер Сити по Кун Агуеро кој дебитирал со два гола во најсилното првенство на Англија.