346
Ерлинг Халанд стана најдобриот стрелец во една сезона од Премиерлигата откако вечерва го даде 35. гол оваа сезона и ги помина Алан Ширер и Енди Кол.
Кога Ширер и Кол постигнаа по 34 голови, тогаш Премиерлигата имаше 42 кола, а тоа го прави рекордот на Халанд уште поголем.
Манчестер Сити во второто полувреме го скрши отпорот на Вест Хем кој одолеваше на нападите се до 50. минута кога Аке постигна погодок.
Голот на Халанд се случи во 70. минута, а 15 минути подоцна Фоден ги постави конечните 3-0.
Ливерпул со гол на Салах од пенал во 39. минута го победи Фулам со 1-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.