Халанд почна да испишува историја во Премиерлигата, веќе собори два рекорди

by
1 минути читање

Манчестер Сити летово плати 60 милиони евра за ангажман на Ерлинг Халанд, со провизии за агентот и таткото на напаѓачот, зделката веројатно е 100 милиони евра, но се чини дека парите се добро потрошени.

Норвежанецот делува моќно на теренот и веќе успеа да собори два рекорди во Премиерлигата.

До вчера, никој немаше постигнато два хет-трика на помалку од 21 натпревар, на Ерлинг Халанд му требаа само пет меча за вакво постигнување.

Со хет-трикот против Нотингем Форест, напаѓачот стигна до бројката од 9 погодоци па го надмина постигнувањето на Кун Агуеро и легендата на Њукасл, Мики Квин. Двајцата имаа по 8 погодока на своите први 5 натпревари во Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×