Халанд побрз од голманот, посилен од дефанзивецот, руши се пред себе за нов гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд ја тресеше и мрежата на Брајтон, Норвежанецот уште еднаш покажа дека има извонредни физички предиспозиции.

При една исфрлена топка на Едерсон, напаѓачот беше побрз од голманот на Брајтон кој истрча во обид да пресече, а потоа беше и посилен од противничкиот дефанзивец кој заврши на тревата и му остави отворен пат кон голот.

За Ерлинг Халанд ова беше погодокот број 16 во Премиерлигата, и тој веќе го надмина постигнувањето на најдобриот стрелц на Манчестер Сити минатата сезона (Кевин де Брајне со 15 погодоци).

Норвежанецот всушност може да се пофали дека има повеќе погодоци од практично сите играчи, само петмина постигнаа повеќе од 15 гола минатата сезона (Мане, Кејн, Роналдо, Сон и Салах).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×