Халанд откри каква порака добил од Солшер по трансферот во Манчестер Сити

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд ова
лето се реши за нова авантура и преселба во Манчестер Сити во трансфер вреден
околу 60 милиони евра.

Напаѓачот пред
две ипол години имаше можност да се пресели во Манчестер јунајтед, тогаш
„ѓаволите“ предводени од Оле Гунар Солшер доставија понуда, но Норвежанецот
реши да ги одбие и да направи трансфер во Борусија Дортмунд.

„Кога потпишав за
Сити, Оле Гунар Солшер ми честиташе и ми напиша, „Со среќа во погрешната половина
на Манчестер““
– открива сега Ерлинг Халанд, кој играше под водство на Оле
Гунар Солшер во Молде.

„Разговараме од
време на време. Сите знаат дека тој имаше големо влијание врз мојата кариера
кога бев во Молде. Оле е навстина добар човек“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани