223
Во центарот на вниманието на вчерашното дерби меѓу Челси и Манчестер Сити беше и дуелот меѓу Халанд и Кукуреља откако Шпанецот летово постојано пееше комична песна во која го исмеваше и норвешкиот напаѓач.
Халанд ги дочека своите пет минути и му врати на Кукуреља. Покрај тоа што го даде голот покрај него, имаше и еден интересен дуел.
Со еден потег го турна шпанскиот бек на земја, а потоа со насмевка помина покрај него додека тој се жалеше на грч во бутниот мускул.
"Haaland trembles cos Cucurella is coming" 😂😂😂😂😂😂 pic.twitter.com/0Qr3MjCam7
— FPL CITY (@livermorej92) August 19, 2024
По крајот на мечот Халанд беше запрашан за Кукуреља. Норвежанецот рече: „Добро, Кукуреља е смешен човек. Минатата сезона ми бараше дрес.. и ова лето пееше песна за мене“.