Халанд го прекина молкот и за првпат се огласи по скандалот во Манчестер Сити

by Стефан
2 минути читање

Сè погласните шпекулации за евентуалното заминување на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити добија нова димензија, откако еден од најдобрите напаѓачи во светот реши јавно да се огласи за тешката ситуација во која се наоѓа клубот.

Англискиот гигант се соочува со сериозни обвиненија за прекршување на финансиските правила, поради што му се закануваат драстични казни, како одземање на освоените титули или дури и исфрлање од Премиер лигата.

Поради неизвесноста на „Етихад“, медиумите набрзо почнаа да го поврзуваат Норвежанецот со европски гиганти како Реал Мадрид, Барселона и Арсенал.

Сепак, Халанд реши да го прекине молкот и јавно да му даде поддршка на својот тим, со што барем накратко ги смири загрижените навивачи.

„Мораме да останеме заедно и обединети и да останеме позитивни, без разлика на тоа што се случува во животот“, порача норвешкиот голгетер, па додаде: Искрено, многу ми значи Манчестер Сити и нашите навивачи, бидејќи и самиот се чувствувам како еден од нив. Затоа, во овие тешки моменти мораме да бидеме обединети и позитивни.“

Британските медиуми овие изјави ги толкуваат како јасен сигнал дека одличниот напаѓач нема намера да ги напушти редовите на „Граѓаните“ во текот на зимскиот преоден рок.

Иако евентуалното исфрлање од лигата или забраната за настап во Европа целосно би ја промениле ситуацијата во иднина, навивачите на Сити се воодушевени од неговата моментална лојалност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×