Халанд го исфрлија од диско, татко му се мајтапи: Врати се во село, градскиот ноќен живот не е за тебе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Откако заврши сезоната во Бундеслигата, фудбалерите заминаа на одмор, а Ерлинг Халанд се врати во родната Норвешка. Тој викендов стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео на кое се гледа како ѕвездата на Борусија Дортмунд беше исфрлен од диско.

Не јасно е која е причината, но неговиот татко реши да се пошегува и на социјалните мрежи напиша: „Врати се во село, градскиот ноќен живот не е за тебе“.

Ден претходно, Ерлинг Халанд на социјалните мрежи сподели слика со својот татко во шума на која држи моторна пила и напиша: „Доаѓа зима, мора да се исече некое дрво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×