Хал Сити по девет години се врати во Премиер! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Хал Сити по девет години повторно ќе игра во Премиер лигата откако во финалето од плејофот во Чемпионшип на „Вембли“ со 1-0 го совлада Мидлсбро.

Херој на „тигрите“ беше Оливер Мекбрни, кој победничкиот гол го постигна во петтата минута од судиското продолжение и донесе огромна радост за својот тим.

Мидлсбро беше подобар ривал во најголем дел од натпреварот и создаде повеќе шанси. Сепак, одличен на голот на Хал беше Ивор Пандур, кој со неколку важни интервенции ја сочува својата мрежа.

Хал едвај обезбеди место во плејофот во последното коло од регуларниот дел, но потоа одигра одлично во елиминациската фаза и заслужено избори враќање во англиската елита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×