Хакими ја откри „тајната за успехот“ против Холандија на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ашраф Хакими беше пресреќен по драматичната победа на Мароко над Холандија и пласманот во осминафиналето на Светското првенство, истакнувајќи дека менталната сила била пресудна.

Мароканците го добија дуелот по изведувањето пенали, откако по 120 минути игра резултатот беше 1-1.

Успеавме. Не беше лесно. Во моментов сум многу уморен, но сум исклучително горд на тимот. Знаевме каков натпревар нè чека и против кого играме. Пред неколку дена рековме дека мора да останеме фокусирани и да бидеме силни, физички, но и ментално, бидејќи не знаевме колку долго ќе трае играта. Покажавме голема ментална сила и успеавме да се вратиме“, рече Хакими.

Мароко во осминафиналето ќе игра против Канада, а натпреварот е закажан за 4 јули во Хјустон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×