641
Хајдук го објави трансферот на Иван Перишиќ кој како младинец шест години беше член на сплитскиот тим, тој се враќа во неговиот роден град.
„Хајдук на задоволство на целокупната јавност која со нетрпение го очекуваше овој момент, може да потврди дека Иван Перишиќ по 17 ипол години повторно ќе го облече хајдуковиот бел дрес со бројот четири. Иван се враќа на Пољуд. Перишиќ доаѓа на позајмица од Тотнем до крајот на сезоната. По истекот на пзајмицата, договорена е соработка со него и за следната сезона“, стои во соопштението на далматинската гордост, Хајдук.
Клубот направи и спектакуларно видео за враќањето на Перишиќ.