Хајдук му бара милион евра на Јувентус за Игор Тудор

by
0 минути читање

Хајдук за Игор Тудор бара милион евра, но „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус се надева на успешни преговори преку кои ќе ја намали таа сума.

Информациите велат дека Тудор прифатил да биде асистент на Пирло во Јувентус, но за тоа да се случи двата клуба треба да се договорат.

Како фудбалер Тудор дури девет години беше член на Јувентус од кои една сезона играше на позајмица во Сиена.

Како тренер минатата година беше отпуштен од Удинезе, по што во јануари 2020 го презеде кормилото на Хајдук.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×