Давид Луиз е мета на критики поради честите киксови кои ги прави, особено во дресот на Арсенал. Бразилецот не го бие добар глас, но Гвардиола мисли поинаку.
„Имам огромна почит за Давид Луиз и за тоа што тој го има направено во неговата кариера досега“, вели Гвардиола.
„Тој е исклучителен фудбалер со неверојатен менталитет и особено персоналитет“.
„На глас се смеев кога ги слушав критичарите. Многумина од нив беа дефанзивци и тие веруваат дека не направиле ниту една грешка во нивните кариери иако играле 15-20 години“.
„Ми се допаѓа стилот на игра на Давид Луиз, сигурен сум дека и против нас ќе направи многу добри акции, можеби ќе има и грешки, но тоа е дел од играта“.
„Тој игра со дигнитет. Имам голема почит за него“.
Вечерва Арсенал и Манчестер Сити играат полуфинале од ФА Купот.