Синоќа беа
извлечени паровите за осминафиналето во Лига Купот, најтересно ќе биде на Етихад, Манчестер Сити ќе го
пречека Ливерпул.
Останува да се
види со какви состави ќе излезат двете екипи, финалето на Светското првенство е
на 18. декември, а натпреварите во Лига Купот започнуваат ден потоа.
„Јас ќе играм во
среден ред, а Клоп ќе игра во одбрана“ – вели Пеп Гвардиола со насмевка на
лицето.
„Ќе треба да
почекаме и да видиме како ќе заврши Светското првенство, ќе видиме колку
фудбалери ќе имаме и во каква кондиција ќе се вратат. Ќе одлучиме тогаш. Не
знам колку фудбалери на располагање ќе имаме ние или Ливерпул“.
„Ќе треба да
видиме колку далеку ќе стигнат, дали ќе ја поминат групата, осминафинале,
четвртфинале… ќе имат и некој ден одмор“.
„Сигурно ќе ги
имаме на располагање играчите кои нема да поминат групна фаза“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.