Гвардиола за коментарите на Клоп: Изненаден сум, убеден бев дека тој не е таков тренер

by
1 минути читање

Во пресрет на
големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, шефот на стручниот штаб на
актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата, Јирген Клоп се пожали дека „Граѓаните“
имале подолг период пауза, додавајќи дека станува збор за две седмици, за кои
смета дека биле клучни за разликата во формата.

Манчестер Сити во
моментов е на лидерската позиција на табелата со седум бода предност во однос
на Ливерпул, но и меч помалку, а предводникот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола
видно изненаден од изјавите на неговиот ривал од спротивниот табор.

Кога ќе го видам
лично Јирген, ќе му кажам колку седмици отсуствувавме
“ рече Гвардиола во
пресрет на дербито.

Изненаден сум,
убеден бев дека Јирген не е таков тренер, тој самиот знае дека тоа што го кажа
не е вистина, некогаш луѓето тоа го прават од лична корист, не сметав дека тој
е таква особа
“ додаде тој.

Можеби сум грешка, можеби сево ова е еден вид
недоразбирање
“ заклучи Пеп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×