Гвардиола во Борусија Дортмунд пронајде засилување од 100 милиони евра?

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер сити беше активен во зимскиот преоден рок, а веќе се најавуваа дека „граѓаните“ нема да мируваат ниту во летниот, секако ако не бидат казнети во процесот со кој се води против нив поради финансиски малверзации.

Англиските медиуми пренесуваат дека нова желба на тренерот Пеп Гвардиола е фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс.

Гитенс го привлекол интересот на неколку премиерлигаши, но според информациите Борусија нема намера да го пушти за сума под 100 милиони евра.

Сезонава Гитенс за Борусија собра 35 настапи во сите натпреварувања, а постигна 11 голови и додаде пет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани