307
Поради заобиколување на правилата за финансиски фер плеј, УЕФА го казни Сити со неиграње во Лигата на шампионите во наредните две сезони.
Англискиот клуб поднесе жалба во Судот за спортска арбитража во Лозана, а одлуката треба да биде донесена наскоро.
„Ние сме подготвени. Имам голема верба во луѓето дека ќе ни дозволат да играме во Лигата на шампионите бидејќи сакаме да бидеме на теренот овие години. На 13. јули ќе ја дознаеме одлуката, се надевам дека за клубот, за сите вработени, играчи и сите тука, дека одлуката ќе биде позитивна и клубот ќе продолжи да се развива во следните години“, вели Гвардиола.