Гвардиола со провокација до Арсенал и Артета: Ливерпул ни е најголем конкурент за титулата!

by
1 минути читање

Овој викенд на
програмата е дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, двете екипи кои пред
почетокот на сезоната се посочуваа како главни фаворити за титулата.

Но откако
„црвените“ минатото коло загубија на Емирати, имаат 13 бода помалку од
Манчестер Сити, и 14 помалку од лидерот Арсенал.

Но и покрај тоа
што Ливерпул има големо заостанување, Пеп Гвардиола не го отпишува од трката за
титулата.

Запрашан дали
Ливерпул останува најголемиот придизвикувач за титулата, Шпанецот одговори:
„Секогаш биле, и секогаш ќе бидат“.

„Знам со каков
квалитет располагаат. Доколку ме прашавте на 10 кола пред крајот, ќе ви кажав
дека тешко можат да ги стигнат клубовите на врвот, но во овој дел од сезоната
се може да се случи“.

„Не ме интересира
тоа дали се во добар или лош момент, знам каков квалитет имаат, натпреварите
против нив секогаш се тешки и не очекувам ништо поинаков да биде и овој“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×